Трипл-дабл на Дончиќ, Словенија ја запиша првата победа


13304133.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенија ја победи Белгија со резултат 86:69 во третото коло од Групата Д на Евробаскетот.


По два порази, Словенците ја оствари својата прва победа на ова првенство и без никакви проблеми ја оправда улогата на фаворит.

Брилијантниот Лука Дончиќ се истакна, ја водеше Словенија до победа со трипл-дабл од 27 поени, додаде 10 скока и 11 асистенции.

Бекот на Лејкерси не започна во вистински ритам, влезе во серија промашувања, но кога го најде ритамот стана вистински кошмар за Белгија.

Словенија постепено ја зголемуваше својата предност од самиот почеток, а тоа се совпадна со будењето на Дончиќ. Доби и поддршка од соиграчите, а одбраната функционираше според идеите на тренерот Секулиќ.

Во следното коло, Словенија се среќава со Исланд, а Белгија игра против Израел.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK