Тотенхем конечно го реализира трансферот на Доминик Соланке.
Тотенхем за напаѓачот на Борнмут издвои 76 милиони евра, 20 отсто од оваа сума ќе се слее во касата на Ливерпул.
Клубот од северен Лондон, една година по заминувањето на Хари Кејн донсе централен напаѓач.
Соланке минатата сезона беше еден од најдобрите англиски напаѓачи, но сепак не успеа да избори место во репрезентацијата која го освои второто место на ЕП. .
Минатата сезона постигна 21 гол во сите натпреварувања, од кои 19 во Премиер лигата.