Тони Надал, вујко на Рафаел Надал и негов поранешен тренер, коментирајќи го пензионирањето на неговиот внук од професионалниот тенис, не издржа а да не го спомне Новак Ѓоковиќ, големиот ривал на шпанската легенда и човекот кој ги помести границите во „белиот спорт“.
„Има играчи кои поради нивните спортски заслуги излегуваат од опсегот на нивниот специфичен спорт, како Ѓоковиќ. Но, има и такви кои поради начинот на кој победуваат… Тие го надминуваат спортот, тоа се случува со Федерер и Рафаел, бидејќи животот не е само победување, туку и начинот на кој се победува“, изјави Тони Надал.
Инаку, тој вчера не беше во Малага, каде заврши кариерата на Рафаел Надал, откако Холандија во четвртфиналето ја победи Шпанија со 2.1.