Тензии и во Португалија: Судиите го кројат пласманот на табелата

Тензии-и-во-Португалија-Судиите-го-кројат-пласманот-на-табелата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По Ливерпул и Порто се жали на судењето и работата на судиите во ВАР собата. Причина за ова е дербито помеѓу Бенфика и Порто (1:0). Порто најави дека бара итен состанок на највисоко ниво на Португалската фудбалска федерација.


Порто тврди дека судиските грешки најмногу на негова штета се чести и дека директно влијаат на пласманот на екипите на табелата.

Порто, по поразот од Бенфика, сега е трет, зад лисабонските ривали Спортинг и Бенфика.
Порто излезе со соопштение во врска со арбитражата на последното дерби во кое остана со играч помалку во 19. минута.

„Поради сериозни грешки кои се повторуваат и го обликуваат редоследот на табелата, ФК Порто бара сослушување пред Арбитражниот суд на Фудбалскиот сојуз на Португалија по итна постапка“, пишува во соопштението.

Црвениот картон за Кардосо не беше единствениот контроверзен, тврдат од Порто. Веднаш по дербито, овој клуб ги обвини ВАР судиите дека сакале да исклучат уште еден играч пред полувремето и со тоа да им ја олеснат работата на нивните противници.

Два дена подоцна, во неделата, Спортинг Лисабон го победи Фаренсе со контроверзен пенал и го зазеде првото место, што исто така придонесе Порто да преземе чекори за испитување на исправноста на судиските одлуки пред Судот за спортска арбитража на Португалија.

Споменатите ситуации се само ескалација на тамошните фудбалски состојби и врв на тензиите кои тлеат од стартот на сезоната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK