Мареј го освои вториот Челинџер по ред и ќе се врати во топ 40

marej
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот тенисер Енди Мареј стана победник на Челинџер турнирот во Нотингем.

Во финалниот меч Британецот викендов го победи Французинот Артур Казо со резултат 6:4, 6:4.


Ова е втора последователна титула за Мареј. Минатата недела 36-годишниот тенисер победи на тревниот Челинџер во Сурбитон.

Од утре, освојувачот на три Грен слем турнири ќе се врати во топ 40 на светската АТП ранг-листа. Мареј ќе се искачи на 38. место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK