Тен Хаг го отпишал Санчо, ќе го испрати на позајмица во јануари

Тен-Хаг-го-отпишал-Санчо-ќе-го-испрати-на-позајмица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ерик тен Хаг побарал од челниците на Манчестер јунајтед, во јануарскиот преоден рок да го испрата на позајмица Џејдон Санчо.


Пет недели по инцидентот, кога Санчо индиректно кажа дека менаџерот на Јунајтед „лаже“ и дека тој е „жртвено јагне“ за сите лоши работи што му се случуваат на Јунјатед, работите се уште се на појдовната точка.

Тен Хаг побара од играчот да им се извини на сите, Санчо одби и засега нема индикации дека е подготвен да го стори тоа.

Медиумите на островот пренесуваат дека Тен Хаг останал цврст на својот став, дека фудбалерот треба да биде надвор од првиот тим, бидејќи имал лошо влијание врз соиграчите.

Санчо тренира одвоено од остатокот од тимот со недели, а Тен Хаг им кажа на членовите на одборот дека тимот тренира подобро без него и дека тимскиот дух е значително подобрен откако го отсранил Санчо.

Клубот е подготвен да го испрати играчот, кој има неделна плата од 300.000 фунти, барем на позајмица, доколку не можат трајно да го продадат.

Се споменуваше можноста за негово враќање во Борусија Дортмунд, која исто така е свесна дека тој не е идеалното решение.

Санча е критикуван и дека е зависен од видео игри кои ги игра до доцна наутро и дека често доцни на тренинг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK