Евролигата тежнее кон тоа да стане врвно натпреварување, во рангот на НБА лигата, според она што го прават официјалните лица на натпреварите од почетокот на сезоната во најмала рака е аматерски и несериозно.
Последниот скандал се случи синоќа во Мадрид. Реал лесно ја победи Црвена звезда, а интересно е што Валтер Таварез играше со пет лични грешки, или можеби не.
Во првата четвртина, на 3.11 минути до крајот, центарот од Зеленортските острови направи неспортски фаул врз Калинќ. Судиите тоа го регистрираа, сигнализираа, но луѓето од записничката маса неспортскиот фаул му го запишаа на Џанан Муса кој во тој момент не беше на паркетот.
Овој превид не го забележаа ниту на клуата на Реал, бидејќи кога во втората четвртина таварез на 4.26 минути до крајот ја направи втората лична грешка, веднаш реагираше тренерот Чус Матео и го повлече од теренот.