Тареми по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч

Тареми-по-завршувањето-на-сезоната-ќе-биде-слободен-играч.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Порто потврди дека напаѓачот Мехди Тареми на лето ќе стане слободен играч. Пинто да Коста зборуваше за иднината на ирански голгетер.


„Доби понуди од други клубови со плата од 10 милиони евра годишно. Тоа не можеме да му го понудиме. Минатото лето Милан ни дојде со смешна понуда, за која не вредеше ниту да се зборува“, изјави првиот човек на Порто.

Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за Иранецот.

Договорот на 31-годишниот фудбалер истекува во јуни 2024. Тареми ја игра четвртата сезона за Порто, досега на 163 натпревари постигна 83 гола. Сезонава одигра 16 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна три гола и забележа три асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK