Сузпензија за четворица играчи на ПСЖ

Сузпензија-за-четворица-играчи-на-ПСЖ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, Усман Дембеле, Ашраф Хакими и Лајвин Курзава се суспендирани на еден натпревар поради хомофобични скандирања, објави Фудбалската Лига (LFP).


Коло Муани, Дембеле, Хакими и Курзава се казнети бидејќи на 24 септември по триумфот против Олимпик Марсеј (4:0), заедно со навивачите пееја навредливи песни упатени кон клубот од Марсеј.

ПСЖ е казнет и со затворање на трибината на Отеј, каде што се најжестоките навивачи, на два натпревари, од кои едниот е условен. ПСЖ излезе со соопштение во кое тврди дека казната за затворање на трибината е „прекумерна мерка“, но и додава дека нема да се жали на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK