Сусо го расипал планот на Мендилибар, Гудељ не требало да го шутира последниот пенал

mendilibar-1920x1080-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Севилја, Хозе Луис Мендилибар беше многу лут по поразот од Манчестер сити во Суперкупот на Европа. „Граѓаните“ го добија пенал-рулетот со 5:4, откако натпреварот заврши без победник 1:1. Трагичар беше Немања Гудељ, кој го промаши единствениот пенал.


Мендилибар по натпреварот откри дека Гудељ вооптшо не бил планиран да го изведе пеналот во петтата серија.

Пред пенал серијата, Мендилибар го испрати Сусо на теренот наместо Ерик Ламела, но резервистот немал храброст да го изведе пеналот.

„Згрешив што го заменив Ерик Ламела. Да останеше до крај, ќе го изведе пеналот. Направив голема грешка, бидејќи мислев дека тој што влезе може да биде во подобра ситуација да го изведе пеналот, но не беше така“, рече предводникот на клубот од Андалузија.

Севилја имаше шанса можеби да го победи Сити во регуларниот дел, но не успеа.

„Горди сме, одигравме одличен натпревар“, заклучи Мендилибар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK