Стратегијата му донесе победа на Расел – Дупла победа за Мерцедес во Белгија

12396113.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел славеше на Големата награда на Белгија, 14-та трка во сезоната во Формула 1, по која следи летната пауза.


На легендарната патека „Спа Франкоршам“ Британецот ја извојува втората победа оваа сезона, а трета во кариерата, во директен дуел со неговиот тимски колега Луис Хамилтон, откако 34 од 44 кругови ги помина на тврди гуми.

На крајот двајцата ги делеше половина секунда, а седумкратниот светски шампион стигна до 201-от подиум во кариерата, a Мерцедес до првата двојна победа по Бразил во 2022 година.

На третото скалило на подиумот се најде Оскар Пјастре во Мекларен, кој заостануваше шест и пол десетинки зад Хамилтон, додека актуелниот шампион Макс Верстапен го зазеде петтото место.

Расел без сомнение ја извозе најдобрата трка во кариерата, бидејќи Мерцедес се одлучија за различни стратегии за своите возачи, што им донесе двоен триумф.

Во поголемиот дел од трката, се чиеше дека Хамилтон ќе победи. Седумкратниот првак на стартот го престигна Серхио Перез во болидот на Ред Бул, а во вториот круг ја презеде лидерската позиција откако го мина и возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата.

Седумкратниот светски шампион беше цел на стратегија со две застанувања, која функционираше брилијантно, бидејќи по вториот пит стоп пред него беше само Расел кој се реши за едно влегување во боксот.

На десет кругови до крајот Раел беше лидер, Хамилтон втор со околу седум секунди задоцнување. Тогаш стана јасно дека возачите на Мерцедес ќе се борат за победата. На крајот победи стратегијата на Расел.

Пред летната пауза во генералниот пласман води Ферстапен со 275 бодови, а го следи Норис со 197, додека Леклер е трет со 174.

Следната трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 е Големата награда на Холандија во Зандворт од 23 до 25 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK