Французинката Стефани Фрапар ќе го суди пријателскиот натпревар меѓу Англија и Австралија. Натпреварот ќе се одигра на 13 октомври на Вембли во Лондон.
Стефани Фрапар беше првата жена која судеше натпревар на Светското првенство во Катар 2022 година помеѓу Германија и Костарика (4:2).
Британските медиуми пишуваат дека Французинка ќе биде првата жена која ќе суди на натпревар на машката репрезентации на Вембли.
„Стефани е одличен судија. Воодушевени сме што Стефани и нејзиниот тим ќе го судат претстојниот натпревар против Австралија на распродадениот Вембли. Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме во домот на англискиот фудбал”, изјави шефот на судиите ФА, Питер Елсворт.
Фрапар беше првата жена која судеше во француската лига во 2019 година, а истата година го водеше и финалето на Светското првенство за жени.
Таа го судеше и Суперкупот на Европа во 2019 година помеѓу Ливерпул и Челзи.
Пред три години таа стана првата жена која судела во Лигата на шампионите, како и во финалето на Купот на Франција во 2022 година.