Стартува втрото коло на ЕП, Хрватска против Албанија, домаќинот ја чека Унгарија

Untitled-2-9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во среда на Европското првенство во Германија ќе започне второто коло. Второто коло ќе го отворат Хрватска и Албанија, потоа ќе се играат натпреварите во групата А, каде домаќинот Германија ќе игра со Унгарија, односно Швајцарија со Шкотска.


Хрватска-Албанија (15 ч.)

Дуелот во „групата на смртта“ е многу важен за двете селекции селекции, кои беа поразени во првото коло. Хрватите сакаат да го подобрат впечатокот по болниот пораз од Шпанија (3:0).

„Албанија не е добра како Шпанија, но тие заслужуваат почит. Очекуваме тежок натпревар, мотивиран противник. Знаеме која е нашата цел, ќе бидеме поофанзивни, мора да бидеме поефикасни и поконкретни. Ќе има промени во составот“, рече хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Од друга страна, селекторот на Албанија, Бразилецот Силвињо изјави дека се среќни што играат против најдобрите селекции во групата Б на Европското првенство во Германија.

„Очигледно е дека е многу тешка група, но сречни сме што играме против најдобрите тимови и играчи од Манчестер сити, Милан или Реал Мадрид. Хрватска има многу квалитет, вомсите сегменти на играта… Но, имаме и ние добри играчи, нашиот капитен ја освои Лигата на Европа со Аталанта“, изјави Силвињо.

Германија – Унгарија (18 ч.)

Избраниците на Јулијан Нагелсман на вистински начин го отворија ЕВРО-то, со победа од 5:1 над Шкотска, а Унгарците го започнаа натпреварувањето на ЕП со пораз од Швајцарија.

„Со резултатот од првиот меч, Унгарија е под малку поголем притисок од нас и ќе мора да игра поофанзивно отколку против Швајцарија, бидејќи пораз може да значи и елиминација“, изјави Нагелсман на прес-конференцијата.

Селекторот рече дека неговите избраници добро ја анализирале играта на Унгарија.

Шкотска – Швајцарија (21 ч.)

Шкотска ќе сака да го подобри впечатокот, додека Швајцарија сака нов триумф против ранетиот ривал.

На Шкотите не треба да им недостига борбеност, а по отворањето Стив Кларк ја истакна решителноста на неговите играчи да не се откажат од главната цел.

„Целта се четири бода, тоа го кажавме од почетокот. Против Германија не освоивме ниту еден, па мораме да освоиме четири од следните два натпревари“, изјави Кларк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK