Спринтот во Муџело за Бањаја, нервозниот Мартин не ја заврши трката

12269626.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мотоциклистот на Дукати, Франческо Баеаја, победи на спринтот на Големата награда на Италија во Муџело. Бањаја победи со време за 19:30.251 минута.


За актуелниот шампион ова е прва спринт победа по трката за ГН на Австрија минатата година.

Второто место го зазеде возачот на Гресини Дукати, Марк Маркез, со заостанување од 1,469 секунди, додека Педро Акоста Гас Гас КТМ ја мина целта на третото место. Неверојатниот дебитант беше 4,147 секунди побавен од победникот.

Четвртото место му припадна на Франко Морбидели од Прамак Дукати, зад него беа Маверик Вињалес на Априлија и Бред Биндер на КТМ.

Бањаја имаше исклучителен старт и многу брзо направи голема разлика во однос на конкурентите.

Маркез и Мартин не можеа да се пофалат со ваков импресивен старт, па по првиот свиок ги заземаа позициите четири и пет, зад бранителот на титулата, Енеа Бастианини и Бред Биндер.

Спринтот го одбележа Хорхе Мартин од Прамак Дукати. Тој најпрво го елиминираше Енеа Бастианини од трката, имаше контакт со него кога се обиде да го престигне, а потоа самиот направи грешка и заврши надвор од патеката.

Мартин и натаму е лидер во генералниот поредок со 155 бодови. Бањаја е втор со 27 помалку, додека Марк Маркез заостанува дополнителни пет бода.

Трката за ГН на Италија е закажана за в недела во 14 часот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK