Возачот на Дукати Енеја Батстијанини победи на спринт трката пред утрешната Голема награда на Велика Британија. Младиот Италијанец победи пред Хорхе Мартин на Прамак Дукати и возачот на Априлија Алеиш Еспаргаро. Трката не ја завршија идните тимски колеги, актуелниот шампион Пеко Бањаја и Марк Маркес.
Стартот на спринотот беше исклучително интересен, Бањаја ја презеде лидерската позција, но само за момент бидејќи Мартин имаше исклучително добра старт и од четвртото се проби на првото место.
Веднаш на стартот имаше инцидент меѓу Франко Морбидели и Марко Бецеки, двајцата завршија во песокот крај патеката.
Мартин беше лидер, пред Бастијанини и Еспаргаро. Бањаја го следеше нивниот ритам, меѓутоа поради сопствена грешка излета од патеката во четвртиот круг. Во наредниот Бастијанини успеа да го мина Мартин и со тоа да го реши прашањето околу конечниот победник.
Бањаја остана лидер во генералниот пласман, има 222 поени само еден повеќе од Мартин, трет е Бастијанини со 167 поени.