Селекторот на италијанската репрезентација Лучано Спалети по поразот на неговата репрезентација од Шпанија (0:1) призна дека играчите на „црвената фурија“, биле многу подобри на теренот.
Шпанија со победата над бранителот на титулата од првата позиција во групата обезбеди место во осминафиналето, додека Италијанците треба да размислуваат за мечот со Хрватите кои не смеат да го загубат доколку сакаат да им се придружат на Шпанците во топ 16.
„Нивната свежина ја направи разликата, тие беа многу побрзи од нас. Често доцневме со читањето на нивните акции. Клучот на проблемот е секогаш ист: бевме под секое ниво кога требаше да реагираме. Имавме проблеми со нивната брзина и изборот на додавања и акции.
Во вториот дел успеавме да бидеме поенергични и поагресивни, создадовме ситуации кои можеа да не доведат до реми. но сепак беа пресилни за нас, како и што претходно беа и за Хрватска и заслужено се први сега треба да размислиме како да се пласираме во осминафиналето, а тоа ќе зависи од нашиот избор на игра, тактика…ако изборот не е добар, ако нема вистински решенија, тогаш работите се комплицираат“, рече Спалети.