Фудбалерот на Тотенхем Хеунг-Мин Сон е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во септември. Наградата му беше доделена и на менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, кој оваа награда ја доби и во август.
Тотенхем има максимален учинок, вторпат по ред наградата ја добива фудбалер на овој клуб. Најдобар во август беше Џејмс Медисон.
Во текот на септември, Сон постигна дури шест гола на четири настапи.
Исклучителната ефикасност на јужнокорејскиот репрезентативец е директно во корелација со промената на позицијата, капитенот на Тотенхем ја започна сезоната на лево крило, но во претходниот период играше како централен напаѓач.
Во меѓувреме, Тотенхем ја презеде лидерската позиција, избраниците на Ангелос Постекоглу имаат ист број бодови како и второпласираниот Арсенал.
Тотенхем во септември забележаа три победи, Барнли, Шефилд и Ливерпул и ремизираа со Арсенал.
Сон постигна хет-трик против Барнли, два гола во дербито со Арсенал и еден гол против Ливерпул.