Снајдер: Ја заслужив Златната топка, но историјата не може да се повтори

2-33.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатиот холандски фудбалер Весли Снајдер смета дека бил ограбен пред 14 години и дека требало да ја добие Златната топка.


Во таа позната сезона 2009/2010, Интер на Жозе Мурињо ја освои „тројката“ – Лигата на шампионите, Серија А и Копа Италија.

Снајдер беше еден од главните играчи на „неро-аѕурите“, исто како и холандската репрезентација со која стигна до финалето на Светското првенство во Јужна Африка.

Потоа со голот на Андрес Иниеста во второто продолжение Шпанија ја освои единствената титула светски првак.

Поради сите овие напори многумина очекуваа Снајдер да ја освои „Златната топка“, но таа сепак му припадна на Лионел Меси.
Снајдер не беше ниту во првите тројца, бидејќи таму беа Иниеста и Чави Ернандез.

„Да, ја заслужив Златната топка, но сега тоа веќе не е важно. Историјата не може да се промени. Сепак, една работа е многу важна. Постојано ме прашуваат за тие работи. Поминаа повеќе од десет години, а луѓето се уште се разочарани од одлуката и ме сожалуваат. Тоа само по себе е веќе голем израз на благодарноста на навивачите кон мене. Огромен комплимент бидејќи тоа значи дека за фановите и новинарите ова прашање не е мртво, но сепак актуелно“, изјави Холанѓанецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK