Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше своите емоции по победата на неговиот тим од 2:1, со која „гаучосите“ стигнаа до нивното второ последователно финале на Светското првенство.
Во разговор со медиумите по натпреварот, Скалони истакна дека е горд на своите играчи и навивачи, нагласувајќи дека националниот тим го остава без зборови одново и одново.
„Немам зборови. Ова е огромна радост за целиот тим и за нашиот народ. Нашите навивачи никогаш не престануваат да нè изненадуваат. Тешко е да се опише што овие играчи покажуваат на теренот. Ние сме уникатни, навистина. Овие луѓе нè носат до победа“, рече Скалони.
Тренерот на актуелните светски шампиони рече дека неговиот тим нема да се откаже од борбата за нова титула.
„Ќе се обидеме да победиме. Ќе дадеме се од себе. Но, она што го постигнавме досега е веќе импресивно.“
Конечно, тој уште еднаш нагласи што, според него, ја разликува оваа генерација аргентински фудбалери.
„Ние сме уникатни и тоа не е ароганција. Тоа е срце.“
Foto/ EPA