ПСЖ одреди минимална цена за трансферот на Нејмар. Вчера се појави информација дека напаѓачот му ја кажал на парискиот клуб желбата да си замине и да се врати во Барселона.
Според „Sky Sports“, ПСЖ ќе ги разгледа понудите кои се движат од 50 до 80 милиони фунти, во зависност од тоа кои клубови даваат понуди.
Идеалната опција за играчот би била да се врати во Барселона, но тоа е малку веројатно поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб.
Се очекува клубови од Европа, САД и Саудиска Арабија да се обидат да го ангажираат Бразилецот.