Синер, шампион на Вимблдон за прв пат, го победи Алкараз во спектакуларно финале


Screenshot-2025-07-14-081641.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јаник Синер, тенисер број еден во светот, го победи Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:4, 6:4 во финалето на Вимблдон и за прв пат стана шампион на лондонскиот Грен Слем.


Италијанецот ја прекина серијата од 24 победи на Шпанецот на АТП турнејата, а натпреварот траеше три часа и три минути.

Првиот брејк во натпреварот се случи во петтиот гем, кога Синер го скрши сервисот на противникот. Италијанецот брзо поведе со 4-2, но Алкараз играше подобро во финалето на првиот сет, пресвртувајќи го натпреварот со четири последователни гемови.

Ова не го спречи Синер да направи брејк во првиот гем од вториот сет. Овој пат, светскиот број еден ја задржа таа предност до крајот и израмни во сетови.

Италијанецот имаше две брејк топки на почетокот од третиот сет, но Алкарас успеа да ги спаси.

Синер стигна до клучното водство во третиот сет во деветтиот гем, а потоа ја искористи првата сет-топка за да поведе со 2:1.

Италијанскиот тенисер добро го започна четвртиот сет и направи брејк во третиот гем. Во осмиот гем, Алкараз имаше две брејк топки на сервис на противникот, но не ги искористи.

Синер продолжи да ја одржува својата предност без поголеми проблеми и славеше на Централниот терен на Вимблдон.

Ова е четвртиот гренд слем трофеј на Синер во неговата кариера, втор оваа година и прв на Вимблдон, а тој стана и првиот Италијанец што ја освои титулата во поединечна конкуренција на единствениот гренд слем на трева.

Алкараз го претрпе својот прв пораз во финале на гренд слем и останува на пет големи титули. Исто така, заврши серијата од две последователни победи на Вимблдон.

Двајцата ги делеа последните седум титули на Гренд слем турнирите, серија што започна на минатогодишниот Отворен турнир на Австралија.

Како нов шампион на Вимблдон, Синер заработи награден фонд од три милиони фунти, додека Алкараз заработи 1.520.000 фунти.

Италијанецот ќе ја зголеми разликата на ранг-листата на АТП во однос на Алкараз, која од денеска ќе изнесува 3.430 поени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK