Швајцарија на пенали ја победи Колумбија


14134808.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Репрезентацијата на Швајцарија е последниот четвртфиналист на Светското првенство. Во Ванкувер, Швајцарците ја победија Колумбија на пенали 4:3, откако натпреварот заврши 0:0.


Швајцарија и Колумбија многу малку понудија во основниот дел од натпреварот и продолженијата. Натпреварот имаше солиден ритам, многу борба, но ниту една од репрезентациите не беше подготвена да ризикува и повеќе да го притисне противникот.

Во првиот дел двете репрезентации имаа по една добра шанса, ударите од далечина ги скротија голманите Кобел и Варгас. Во вториот дел не се случи ништо сериозно, а во продолженијата Колумбија пропушти да го реши натпреварот.

Ударот на Лукуми на почетокот од продолжението го одбрани Кобел со помош на пречката, а во 115-та минута Кампац од добра позиција кога пред него беше само голманот на Швајцарија шутираше над голот.

Во пенал серијата Санчез ја погоди гредата во втората серија, Швајцарецот Аканџи во третата шутираше над голот, а клучната одбрана ја забелеѓа Кобел во четвртата серија против Кучи Ернандез.

Швајцарија во четвртфиналето ќе игра против Аргентина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK