Српскиот џудист Немања Мајдов имаше шокантна објава по елиминацијата од Олимпијадата.
Мајдов доби три јавни опомени и со тоа беше поразен од Гркот Теодорос Целидис со автоматска дисквалификација.
Тој се пожали на судиите, очаен, а на крајот не можеше ниту да ги сокрие солзите.
„Сатанистички ѓубриња, да им се отруе семето на судиите. Дисквалификувајте ме по две минути и не ми давајте воопшто шанса да покажам ништо. Дали тие вредности и тој спорт и Олимпијадата за вас е обично ѓубре?“, напиша Мајдов и додаде:
Тој имаше и порака до претставниците на медиумите.
„А вие новинарите, јас не загубив, никој не ме победи, тоа е малку потешко да се направи, веќе ме дисквалификуваа за три пенали што ги измислија. Моментално во овој спорт најдобрите не победуваат. Не сакам да губам време и да се жртвувам толку многу за овој спорт“, рече тој.