Шекил: Нема полош играч од Гобер во историјата на НБА

rudy-gobert-shaquille-oneal.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шекил О’Нил, физички најдоминантниот центар во историјата на НБА лигата, освојувач на четири шампионски титули, откри кој според него е најлошиот ирач во историјата на лигата.



Гостувајќи во емисијата ГОАТ, на Ју-тјуб каналот Комплекс, Шекил без размислување рече.

„Руди Гобер. Исто така и Бен Симонс“.

Не е прв пат О’Нил жестоко да го критикува Гобер, во емисијата образложи зошто е тоа така.

„Ако потпишеш договор вреден 250.000.000 долари, покажи дека вредиш 250.000.000 долари. Има причина зошто денес чекорам смешно, зошто не можам да го движам вратото нормално. Тоа е затоа што играв жестоко за моите 120.000.000 долари. Играчите како него го измамија системот, ги заработија парите, а тие не знаат како да играат, затоа јас не ги почитувам многу“.

Овие одговори се вклопуваат во имиџот на Шек како жесток критичар, но легендарниот центар појасни дека не критикува за да крене „прашина“ во јавноста, туку дека има валидни причини за тоа.

„Секогаш кога давам вакви коментари луѓето мислат дека сеам омраза, но тоа се фактите. Има учители, професори, пожарникари, лекари кои работат вистински работи и не се многу платени“, заклучил Шек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK