Шчесни и официјално стана играч на Барселона

1727875889-GettyImages-2175940772.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полјакот Војчех Шчесни и официјално е претставен како нов голман на Барселона. Шчесни потпиша договор до крајот на актуелната сезона.



Поранешниот член на Јувентус летово објави крај на кариерата по Европското првенство во Германија, каде неговата селекција освои бод во групата Д.

Шчесни беше повикан како итна замена за Германецот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе ја пропушти сезоната поради повреда.

34-годишниот голман бранел на повеќе од 500 натпревари. Бранеше во Арсенал, во Брентфорд како позајмен игра, а потоа замина во Италија, каде го носеше дресот на Рома и Јувентус.

Со Арсенал го освои ФА Купот во 2014 и 2015 година, како и Комјунити Шилд во 2014 година. Во Јувентус меѓу стативите го замени легендарниот Џанлуиџи Буфон, а освои три последователни „скудета“ од 2018 до 2020 година, исто толку Купови и Суперкуп.

195 сантиметри високиот голман одигра 84 натпревари за националниот тим, а учествуваше на две светски првенства и четири првенства на Стариот континент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK