Шампионот Струга против победникот во Купот Тиквеш ќе ја отвори новата сезона

2222.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Попладнево во македонската „Куќа на фудбалот“ се одржа извлекувањето на двојките за натпреварувачката сезона 2024/2025.


Актуелниот шампион Струга ТЛ одбраната на титулата ќе ја започне на домашен терен против Тиквеш, екипа која сезонава дебитираше во европските купови и која е актуелен победник во Купот на Македонија. Првото коло нуди уште две интересни двојки: Работнички-Силекс и АП Брера-Вардар.

И оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе се натпреваруваат 12 екипи, според промозициите последните две ќе испаднат од лигата, а 10.пласираниот тим ќе игра бараж за опстанок против третопласираната екипа во Втората лига.

Во новата сезона на два исти стадиони ќе играат четири екипи. Вардар и Работнички на Националната арена „Тодор Проески“, а Гостивар и дебитантот Беса на стадионот во Гостивар.

Поради тоа Комисијата воведе ново правило кое ќе важи за последните три кола кои треба да се одиграат во ист термин. Доколку екипите не можат меѓусебе да се договорот кој ќе игра на домашен терен, тогаш ќе реагира Комисијата за натпреварување и таа ќе одлучи каде ќе се одиграат тие натпревари

Двојки за првото коло:

Струга – Тиквеш
Беса – Шкендија
Работнички – Силекс
АП Брера – Вардар
Пелистер – Гостивар
Шкупи – Воска Спорт

Фото/ Архива Топспорт

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK