Шампионот Бањаја шампионски ја започна сезоната

1710093033-Francesco-Bagnaia.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелниот светски првак во Мото ГП, Франческо Бањаја со победа на Големата награда на Катар ја започна новата сезона.


Од почеток до крајот на патеката „Лосаил“, Бањаја „леташе“ со своето Дукати за вкупно време од 39:34.869. и покрај тоа што ова е прва трка во новата сезона, многумина возењето на Бањаја го окарактеризираа како шампионско.

Пол-позицијата ја имаше Хорхе Мартин, победникот во спринтот, но практично по седмиот свиок Пеко ја презеде челната позиција, која не ја испушти до крајот на трката.

Италијанецот ја забележа 18. победа во кариерата, во најсилната конкуренција (вкупно 86 стартови), а 35. пат овој 27-годишен ас од Торино се пласира на подиумот.

На крајот, Бред Биндер од КТМ заврши втор, а трет беше Мартин на Прамак Дукати.

Големо внимание привлече и дебито на Марк Маркез, поранешниот светски шампион кој првата трка во кариерата ја возеше со Дукати, во тимот Гресини и го освои четвртото место.

Меѓу десетте најбрзи на патеката „Лосаил“ се најдоа Енеа Бастианини (Дукати) , Алекс Маркез (Гресини), Фабио Ди Џанантонио (ВР46), Алеиш Еспаргаро (Априлиа), дебитанот Педро Акоста (ГасГас) и Маверик Вињалес (Априлиа).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK