Сензација во фрлање диск – Стона со олимписки рекорд го победи Алекна

Untitled-1-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Роџе Стона од Јамајка е сензационлен победник во фрлање диск на Олимписките игри во Париз. Стона, кој сонува да стане играч во НФЛ лигата, победи со нов олимписки рекорд. Дискот го фрли на далечина од 70 метри.



Стона во финалето го победи најголемиот фаворит за златниот медал, Литванецот Миколас Алекна.

Светскиот рекордер Алекна, во втората серија го урна рекордот што го постави нееговиот тако Миколас на Олимписките игри во Атина во 2004 година. Диското го фрли на далечина од 69 метри и 97 сантиметри.

Две серии подоцна , Стона го подобри олимпискиот рекорд са само три сантриметри.

Стона е првиот Јамајканец кој освоил злато во фрлање диск, но и првиот натпреварувач во историјата кој не е од Европа, а успеал да победи во олимписко финале во фрлање диск. .

Бронзениот медал го освои Дени Метју од Австралија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK