Сезоната во АБА лигата започна со изненадување. Дебитантот Дубаи славеше над актуелниот шампион Црвена звезда 86:84. Прв пат по 2013/2014 Црвена звезда сезона во регионалната лига запчна со пораз.
Дубаи за деби сезоната селектирше добар тим од познати играчи со тренерот Јурица Големац. Во првиот меч ја адиграа Црвена звезда, која одигра под нивото, со исклучок на периодот од четири минути во втората четвртина кога негативата од 17 поени ја претворија во плус од еден поен.
Играчите на Дубаи не попуштија и предводени од Мејсон, Препелиќ и Абас запишаа заслужена победа.
Пресуди тројката на Мејсон на 35 секунди до крајот која на Дубаи му донесе +5. Во следниот напад со трјка возврати Недовиќ. До крајот ниту еден тим не успеа да постигне поени. Црвена звезда го имаше последниот напад, кој заврши со големо промашување на Мекинтаер.
Мејсон постигна 18 поени, Абас мечот го заврши со 17, додека дабл-дабл учинок имаше Препелиќ со 16 поени и 10 асистенции.
Кај Звезда Калиниќ постигна 16 поени, Кенан додаде 13, Митровиќ 12, а Недовиќ 11, поен помалку постигна Милер-Мекинтаер.