Привршуваат квалификациите за пласман на ЕП. Во наредните два дена ќе заврши октомврискиот циклус, а последните две рунди ќе се одиграат во ноември.
Досега седум репрезентации обезбедија место на завршниот турнир во Германија.
Покрај домаќинот Германија, кој веќе е сигурен учесник, на ЕУРО се пласираа и Белгија, Франција, Португалија, Шпанија, Шкотска и Турција.
Шпанија и Шкотска се сигурни од А групата и покрај тоа што фо крајот има да одиграат уште два натпревари.
Франција и Португалија без пораз со максимален број на поени се пласираа на ЕУРО во петокот. Франција од Б, а Португалија од Ј групата.
Белгија е сигурна од групата Ф, пред Австрија и Шведска, а Турција обезбеди едно од првите две места во групата Д, во конкуренција со Велс и Хрватска.
Само чудо може да ја спречи Албанија да се пласира од групата Е и Унгарија од групата Г.
Данска од групата Х, Англија од групата Ц, Австрија од групата Ф и Чешка од групата Е се многу блиску до пласман на завршниот турнир.