Саво Милошевиќ се враќа во Партизан

savo_milosevikj_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саво Милошевиќ ќе биде старо-новиот тренер на Партизан. На клупата ќе го наследи Александар Станојевиќ кој поднесе оставнка поради дебаклот во дербито со Црвена звезда (0:4).



 

Клупските ченици успеаја да се договорат со 51-годишниот стручњак кој во својот прв мандат на клупата на партизан успеа да го освои Купот на Србија и да игра во групната фаза од Лигата на Европа.

Последниот тренерски ангажман на поранешниот фудбалер и тренер на Партизан го имаше во репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а во кратката кариера од клупата ја водеше само Олимпија Љубљана, додека во 2011 година накратко беше асистент во стручниот штаб на репрезентацијата на Црна Гора.

Првиот работен ден на Милошевиќ во познато опкружување ќе биде понеделник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK