Савиќ по девет години го напушти Атлетико Мадрид

stefan-savic_1iex5bfl8lvf51nnuz29rn49zl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стефан Савиќ по девет години го напушти Атлетико Мадрид. Црногорецот до минатата сезона беше еден од најважните играчи во тимот на Чоло Симеоне, се здоби со статус на легенда.


Со „јорганџиите“, Савиќ стана шампион на Шпанија, ја освои Лига Европа, Суперкупот на Европа… Кариерата ќе ја продолжи на брегот на Црното море, во дресот на Трабзон.

Савиќ потпиша тригодишен договор со седумкратниот шампион на Турција.

Искусниот дефанзивец неделава ќе оди на лекарски преглед, по што и официјално ќе биде промовиран во нов играч на тимот предводен од Абдула Авџи.

Савиќ во кариерата играше за БСК Борча, Партизан, Манчестер сити, Фиорентина и Атлетико Мадрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK