Фернандо Сантош ќе ги продолжи разговорите со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска (ФСП), Цезари Кулеш, бидејќи не е донесена одлука за неговата иднина како селектор на Полска.
Португалскиот селектор на почетокот на годината ја презеде репрезентацијата на Полска, но неговиот тим е само на четвртото место на табелата од групата Е, од квалификациите за ЕП 2024 година.
Полска на пет меча освои само шест бода, а португалскиот селектор беше цел на критики. Пред два дена Полјаците беа поразени од Албанија со 2:0.
„Сантос ќе ги продолжи разговорите со Кулеш бидејќи не е донесена одлука за неговата иднина“, изјави портпаролот на ФСП и менаџер на репрезентацијата Јакуб Квјатковски.
Следниот натпревар Полска во квалификациите за ЕП 2024 го игра на 12 октомври против Фарските Острови.