Салах ги повика светските лидери да се здружат и да го спречат крвопролевањето

Салах-ги-повика-светските-лидери-да-се-здружат-и-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најпознатиот арапски фудбалер Мохамед Салах на социјалните мрежи се огласи за вооружениот конфликт меѓу Израел и Палестина, а неговата објава за само неколку часа доби повеќе од 100 милиони прегледи на „X“, поранешен „Твитер“.


Во својата видео порака, Салах ги повика светските лидери „да се здружат за да го спречат да гинат невини души“, барајќи истовремено итно да се достави хуманитарна помош до луѓето од Појасот Газа.

„Не е секогаш лесно да се зборува во вакви времиња, имаше премногу насилство, премногу бруталност… Сите животи се свети и мора да се заштитат. Масакрите мора да престанат, семејствата се уништуваат. Она што е јасно е дека истата секунда мора да се дозволи испорака на хуманитарна помош во Газа. Тие луѓе живеат таму во ужасни услови“, рече Салах.

Фудбалерот на Ливерпул во своето обраќање не ги искористи зборовите Израел и Палестина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK