Мамаду Сахо би можел да остане без клуб откако го нападна тренерот Мишел Дер Закаријан за време на тренингот. Сахо го нападнал тренерот, бидејќи на тренинг-натпревар во Монпелје, тренерот не ги санкционирал прекршоците направени врз Сахо.
По еден еден таков недосуден фаул, Сахо тргнал да го напушти теренот, а откако тренерот му рекол дека тренингот не е завршен, тој се вратил назад и како партал го фрлил Закаријан на земја.
Закаријан сакаше да се ослободи од 33. годишнот дефанзивец во летниот преоден рок, но никој не беше заинтересиран, па Сахо остана во Монпелје и одигра само еден натпревар оваа сезона.
Сахо, кој одигра 29 натпревари за Франција од 2010 до 2018 година, пристигна во Монпелје пред две години. Претходно играше за ПСЖ, Ливерпул и Кристал Палас.