Саха го критикува Маунт: Ништо не прави, никаде го нема

Саха-го-критикува-Маунт-Ништо-не-прави-никаде-го-нема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повремениот репрезентативец на Англија, Мејсон Маунт (24) минатото лето пристигна од Челзи во Манчестер јунајтед за 65 милиони евра. Почетокот на новата сезона е вистински кошмар за Маунт. Не успева да се наметне на теренот, на шест натпревари забележа само една систенција.



Поранешниот напаѓач на Јунајтед, Луис Саха го критукуваше учинокот на Маунт од почетокот на сезоната.

„Сè уште не сум видел ништо од Маунт. Го нема никаде, не може да продолжи да игра вака. Мислам дека може многу подобро од ова, но сепак би рекол дека го преплатија. Челзи ги надмудри бидејќи имаше многу играчи на пазарот кои беа продадени за слична сума. Маунт не игра добро, а на моменти забележав дека Касемиро има поофанзивна улога од него. Тоа е лудо, но тоа е вистина“, изјаво Саха за „Мирор“.

Маунт не се истакна минатата сезона, постигна три гола со шест асистенции како офанзивен играч за врска. Најдбра сезона во кариерата му беше 2021/22 кога постигна 13 гола и забележа 16 асистенции.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK