Руските и белоруските гимнастичари се враќаат на меѓународната сцена

fig_2323423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Руските и белоруските спортисти можат под неутрален статус да учествуваат во натпреварувањата во организација на Меѓународната федерација во гимнастика (ФИГ).

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави такви препораки во март, а еден месец подоцна претседателот на ФИГ, Моринари Ватанабе рече дека ќе им биде дозволен настап на руските и белоруските гимнастичари, кои на ниту еден начин не биле вклучени во војната во Украина.



Руските спортисти се исклучени од меѓународниот спорт од почетокот на војната во Украина во февруари лани.

„ФИГ се грижи за почитување на првата на сите спортисти и испраќа порака дека гимнастичарите бараат мир“, изјави Ватанабе, потврдувајќи го враќањето на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпревари во гимнастика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK