Вејн Руни, легендата на Манчестер jунајтед, во текот на кариерата имаl проблеми со алкохолот.
Менаџерот на Бирмингем во подкастот на рагби легендата Роб Барлоу призна дека предмногу години спасот го барал во алкохолот и дека му требало долго време да побара помош.
„Имав многу различни предизвици, на теренот и надвор од него, а излезот го барав во алкохолот. Во раните дваесетти, поминував неколку дена дома и не излегував надвор, се опивав до бесвест. Не сакав да бидам опкружен со луѓе, бидејќи понекогаш се срамев и се чувствував дека сум ги разочарал сите околу мене“, вели Руни.
„Не знаев како да се справам со сè, го избрав алкохолот за да се обидам да се справам со сето тоа. Имаше луѓе околу мене со кои можев да разговарам, но избрав да не го правам тоа. И не прифаќав помош, неколку години бев на дното. Благодарен сум што сега можам јавно да зборувам за работите низ кои сум поминал“, додаде Вејн.
Барлоу го праша Руни кој е неговиот најдобар и најлош соиграч во Јунајтед.
„Најдобар веројатно беше Дарен Флечер. Најлош, има неколку на кои можам да се сетам. На теренот, веројатно Нани. Беше фрустрирачки да се игра со него”, заклучил Руни.