По 14 месеци на клупата на Манчестер Јунајтед, португалскиот тренер Рубен Аморим (40) беше отпуштен од „Олд Трафорд“.
Аморим ги остава „Црвените ѓаволи“ како статистички најнеуспешен менаџер во ерата по Алекс Фергусон.
Под негово водство, Јунајтед ја имаше најлошата сезона за повеќе од половина век и не успеа да се квалификува за настап во европските купови, втор пат во последните 35 години.
Португалецот е шестиот менаџер на Јунајтед, без да се сметаат привремените менаџери, откако легендарниот Сер Алекс се пензионираше, а Аморим има убедливо најмал процент на победи, само 36,9 отсто.
Најуспешен беше Жозе Мурињо со 58,33 проценти од победите, по него следуваа Ерик Тен Хаг со 54,69 отсто и Оле Гунар Солскјер со 54,17 отсто. Дејвид Мојес имаше 52,94 отсто, а Луј Ван Гал 52,43 отсто.
Foto/ depositphotos