Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, проговори за плановите по завршувањето на кариерата.
Напаѓачот на Ал-Наср и португалскиот репрезентативец изјави дека не сака да стане тренер кога ќе се пензионира.
„Во моментов не размислувам да станам тренер на ниту еден тим. Мојата иднина не ја гледам на клупата. Се гледам себеси како правам други работи надвор од фудбалот, но само Господ знае што носи иднината“, изјави Кристијано Роналдо за португалските медиуми.
Договорот на 39-годишниот напаѓач со Ал-Наср трае до 2025 година. Минатата сезона за клубот од Саудиска Арабија одигра 45 натпревари во сите натпреварувања и постигна 44 гола со 13 асистенции.
Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година, а претходно беше дел од Спортинг Лисабон, за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.