Рома ќе го тужи Базел, бара пари од трансферот на Калафиори во Арсенал

597326.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арсенал и Болоња се уште не можат да го заклучат трансферот на Рикардо Калафиори. На овој трансферот вреден 45 милиони евра му се израдуваа и во Базел, бидејќи швајцарскиот клуб треба да добие 50 отсто од сумата. Но како што сега стојат работите случајот ќе заврши на суд.


Два клуба треба да заработат од трансферот на Калафиори, Болоња и Базел. Кога Базел го продаде Калафиори во Болоња, клубовите постигнаа договор да добијат по 50 отсто од наредниот трансфер. Во овој случај тоа се 22,5 милиони евра.

Работите се движеа во вистонската насока се до моментот кога во приказната се вмеша Рома.

Калафиори ја напушти Рома во 2022 година, се пресели во Базел за околу 2,5 милиони евра, плус 40 отсто од следната продажба.

Една година подоцна, швајцарскиот клуб го продаде овој дефанзивец во Болоња за четири милиони евра, а Рома требаше да добие околу 1,5 милиони евра.

Рома сега тврди дека во договорот ставила клаузула дека мора да добие 40 отсто од следната продажба на Калафиори и бара осум милиони евра.

Во Базел сметаат дека обврските во Рома ги исполниле во моментот кога уплатиле пари од трансферот на Калафиори во Болоња. Швајцарците немаат намера да и исплатат на Рома осум милиони евра.

Извесно е дека случајот ќе заврши на суд, а најмногу штета ќе претрпат Арсенал и Калафиори.

Арсенал експресно го заврши трансферот бидејќи планот на менаџерот Артета беше Калафиори да биде со тимот од првиот ден на подготовките.

Ако случајот заврши на суд прашање е дали Арсенал ќе сака да го реализира траснферот или ќе се повлече.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK