Рома има договор со Дансо, Ленс бара 25 милиони евра

95261.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако успеаја да го задржат Паоло Дибала, челниците на Рома бараат засилување во централниот дел од одбраната. Изборот на клупските челници е австрискиот репрезентативец Кевин Дансо.


Во ттекот на преодниот рок, Дансо се поврзуваше со Аталанта, но според италијанските медиуми, дефанзивецот решил да ја засили Рома. Според овие извори тој постигнал вербален договор со „волчицата“.

Сега останува потешкиот дел за Рома, треба да постигне договор со Ленс. Францускиот клуб за Дансо бара 25 милиони евра.

Во текот на кариерата Дансо играше во Саутемптон, Дизелдорф и Аугсбург. Во Ленс е во последните три години, одигра 100 натпревари во Лига 1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK