Родриго не може да поверува дека не е меѓу кандидатите за Златната топка

2166790485.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франс Фудбал ја објави листата на фудбалери кои конкурираат за најголемото индивидуално признание, наградата Златна топка.



На листата има 30 имиња, меѓу нив седум се од Реал Мадрид: Џуд Белингем, Винисиус Жуниор, Антонио Ридигер, Федерико Валверде, Дани Карвахал, Тони Крос кој летово ја заврши кариерата и Килијан Мбапе кој дојде од ПСЖ.

Изненадување е што меѓу 30. кандидати го нема Родриго, кој имаше ваѓна улога во походот на Реал кон шпанската и европска круна.

Бразиелцот, минатата сезона одигра 51 натпревар, постигна 17 голови и забележа девет асистенции.

Крилниот напаѓач се огласи на Инстаграм откако не влезе во конкуренција за Златната топка.

Тој објави колаж со шест фотографии на кои ги држи трофеите освоени со Реал, на една од фотографиите делува дека е изненаден, како сака да праша: „ Што друго треба да направам за да разберете дека сум сериозен фудбалер“. Над фотографиите стави два емотикона – едниот воодушевен со раширени раце, а другиот се смее и плаче.

Можеби Родриги немаше сезона за паметење, но спискот се најдоа Адемола Лукман (честитки за хет-трикот во финалето на Лига Европа), Артјом Довбик (честитки за наградата Пичичи), Витиња, Рубен Дијаш, Хакан Чалханоглу, Матс Хумелс, Мартин Едегор…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK