Родриго мета на расисити на социјалните мрежи

Родриго-мета-на-расисити-на-социјалните-мрежи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на Бразил Родриго изјави дека бил жртва на расистички напади на социјалните мрежи, два дена по поразот на Бразил од Аргентина (0:1) на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро.



„Расистите се секогаш на должност. Моите профили на социјалните мрежи се окупирани со расистички навреди и глупости од секаков вид“, објави напаѓачот на Реал Мадрид во пораките објавени на неговите профили на „Инстаграм“ и “Х“.

Корисниците наводно го „украсиле“ профилот на 22-годишниот фудбалер, со банани или емотикони од мајмуни, пишува веб-страницата „Глобо Еспорте“.

Да потсетиме, Родриго на натпреварот влезе во конфликт со аргентинските фудбалери кои ги нарече кукавици.

„Ако не го правиме она што тие го сакаат, ако не се однесуваме како што мислат дека треба, ако носиме нешто што им пречи, ако не ја наведнеме главата кога ќе не нападнат, расистите со своето криминаљлно однесување преземаат акција. Па, нема да застанеме“, потенцираше фудбалерот.

Неговите соиграчи од репрезентацијата, како Нејмар и Винисиус Жуниор, кој и самиот е редовно мета на расистички напади во Шпанија, ја изразија својата солидарност со напаѓачот.

Нејмар и Винисиус Жуниор го пропуштија поради повреди дербито против Аргентина во 6. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.

Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) во соопштение за печатот ги осуди „расистичките напади“ и увери дека „ќе продолжи неуморно да работи на забрана на оваа болест во фудбалот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK