Аргентинскиот тренер Мартин Демикелис повеќе не е тренер на тимот на Ривер Плејт.
Клубот спогодбено се раздели со Демикелис, кој ќе го води тимот во дуелот со Сармиенто, а птооа ќе го напушти клубот.
Ривер во мај доживеа дебакл во второто коло на Копа Аргентина, но во тој момент Демикелис од отказ го спасија добрите резултати во групната фаза на Копа Либертадорес.
Во последните три кола освои само бод, па разделбата со легендарниот фудбалер беше неизбежна.