Динамо Загреб на Стефан Ристовски доживеа пораз во Плзен, а Абердин на Бојан Миовски одигра 2:2 во Солун против ПАОК, во четвртото коло во Лигата на конференции.
Динамо Загреб се наоѓа во тешка позиција пред последните две кола во Групата Ц. Од друга страна Викторија со минималната победа си го обезбеди првото место во групата.
Чиора во 35.минута го постигна единствениот гол од пенал.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, доби жолт картон во 32.минута, а во 94.минута му асистираше на Куленовиќ, кој успеа да изедначи, меѓутоа ВАР го поништи голот.
Претходно во оваа група Астана и Балкани одиграа 0:0.
Викторија има 12 поени, Балкани и Астана по четири, а Динамо три.
ПАОК и Абердин одиграа 2:2 во Г групата, во која Ајнтрахт победи во Хелсинки со 1:0.
Бојан Миовски играше во второто полувреме на стадионот „Тумба“. Влезе на местото на стрелецот на вториот гол Дјук.
ПАОК со 10 и Ајнтрахт со девет бода веќе обезбедија место во нокаут-фазата. Абердин има два бода, Хелсинки еден.
Резултати:
Група Д
Бешикташ – Бодо Глимт 1:2
21.00 Бриж – Лугано
Група Е
Легија – Зрињски 2:0
21.00 Астон Вила – АЗ Алкмар
Група Ф
Ференцварош – Генк 1:1
Чукарички – Фиорентина 0:1
Група Х
Нордсјеланд – Спартак Трнава 1:1
21.00 Лудогорец-Фенербахче