„Ришарлисон е целосен идиот, никоја нема да жали што си замина“


depositphotos_635906292_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилецот Ричарлисон ќе го напушти Тотенхем, а аналитичарот на „Talk sports“, поранешниот фудбалер на Астон Вила, Габриел Агбонлахор, жестоко го критикуваше неговото однесување.


Искусниот напаѓач е изоставен од составот за следната сезона во Премиер лигата, а Трабзон е заинтересиран да го доведе како партнер на Мохамед Салах во нападот.

Агбонлахор верува дека лондонскиот тим нема да биде во загуба поради неговото заминување.

„Постојат зборови што можат да го опишат, но не сум сигурен дека се соодветни за оваа програма. Затоа ќе ги користам зборовите што се дозволени. Не мислам дека некој ќе пролее солза за него. Тој е апсолутен идиот.

Секогаш кога го гледав – не е брз, не може да ја задржи топката. Може ли да постигнува обични голови? Може, но целата негова театралност, неговото скокање, неговото однесување е ужасно. И неговата ароганција. За некој што постигнал 75 гола на 276 натпревари, се однесува како да е најголема ѕвезда.

Карло Анчелоти не го повика на Светското првенство со причина. Слушнав дека во Турција ќе добие три пати поголема плата отколку тука. Затоа не сакаше да се врати во Евертон, бидејќи знаеше дека таму има повеќе пари. Само 32 гола за Тотенхем, мислам дека навивачите со задоволство ќе му кажат: Збогум!“, рече Агбонлахор.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK