Канадскиот фудбалер Алфонсо Дејвис ја игра последната сезона во дресот на Баерн Минхен.
Левиот бек, кој стекна репутација како еден од најдобрите на својата позиција, во Баерн дојде од Ванкувер во 2019 година, а на крајот од сезоната ќе стане слободен играч, откако ги одби сите понуди за продолжување на договорот.
Како што пишува шпански „Релево“, 24-годишниот Дејвис веќе постигнал договор со Реал Мадрид и како слободен играч од следната сезона ќе го облече дресот на „кралскиот клуб“.
Дејвис остави длабока трага во Баерн. Со клубот од Минхен освои пет титули во германската Бундес лига, но ја освои и Лигата на шампионите во 2020 година.