Рекордна продажба на Абердин – Миовски се сели во Џирона

0_Miovski-Farewell.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, „твитна“ дека македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кариерата ќе ја продолжи во Џирона.



Џирона, хитот во Примера минатата сезона бааше напаѓач кој ќе го замени најдобриот стрелец во лигата, Артем Довбик. Украинецот пред две недели за 38.000.000 евра се пресели во Рома.

Изборот на каталонскиот клуб е Миовски, кој во претходните две сезони постигна по 16 гола во шкотскиот шампионат,

Романо објави дека Миовски ќе се пресели во Џирона за 8.000.000 евра, што претставува рекордна продажба на Абердин.

Целиот трансфер треба да биде официјализиран во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK