Рекордерот Трајковски: Наскоро ќе скокнам осум метри

trajkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина. Тој викендот на атлетските митинзи во Германија, најпрво во саботата во Штутгарт победи со скок од 7,67 метри, додека пак вчера во Инеринген Хетинген прескокна 7,91 метри (+1,9 м/с) што претставува негов најдобар скок во кариерата, а воедно и нов македонски рекорд.

– Многу сум среќен, немам зборови. Тренирав навистина напорно оваа сезона и мојата напорна работа се исплатеше. 7,91 метри е одличен резултат, иако тоа не беше совршен скок. Да имав совршен скок и добар одраз од даската за скокање ќе беше над 8 метри. Нормата за учество на Европското првенство во атлетика е 8 метри и наскоро треба да ми биде на дофат! Верувам во себе и со напорна работа ќе се оствари, изјави Трајковски.


Претходниот македонски рекорд во скок во далечина од 7,79 метри беше исто така во сопственост на Андреас кој го постави на 24 мај оваа година.

Овој резултат на Андреас му донесе 1.118 бодови според табелата на Светска атлетика и ќе му придонесе за нов скок на Светската и Европската ранг листа. Во овој момент, Трајковски е 22-ри на Европската ранг листа и 70-ти на Светската ранг листа во дисциплината скок во далечина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK